Љупчо Дон Николовски толерирал лица блиски до власта на СДС со огромни количини земја под закуп во нивните нерегуларности и со години дозволил штета врз буџетот.Фирмата ДЗС Илинден на која и бил раскинат договорот за закуп на околу 1000 хектари земја со години земала субвенции, иако земјиштето веќе не било под нејзин закуп,oбвинува Бране Петрушевски.

Да почнеме од почеток, во 2019 година е поведен судски спор за неплатен закуп за 2017, 2018 и 2019 година. Период во кој министер во МЗШВ е Љупчо Дон Николовски, кој со години го толерирал должникот. Дури во септември 2021 година, по извршениот увид  во списокот на должници и увидот на лице место од Државниот инспекторат за користење на земјоделското земјиште министерството констатира дека закупецот не ги испочитувал обврските кои произлегуваат од договорот за плаќање на закупнина и користење на земјиштето, поради што носи изјава за еднострано раскинување на договорот  за закуп на земјоделско земјиште, која е потврдена со правосилна пресуда на Апелациониот суд – Скопје.

Иако самото министерство носи изјава за еднострано раскинување на договорот за закуп, истото не го испочитувало членот 41-а став 5 Законот за земјоделско земјиште и не доставило примерок од изјавата за раскинување на договорот за закуп, по електронски пат до Агенцијата за катастар на недвижности заради бришење на прибележувањето на договорот за закуп, односно плодоуживање на недвижностите.

Поради неизвршување на законските надлежности и обврски од страна на Министерството да спроведе постапка најнапред за бришење од единствениот регистер на земјоделски стопанства, и некоординација со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, му овозможил на закупецот и по раскинувањето на договорот за закуп закупецот да може да продолжил да аплицира за субвенции.

Во моментот на недејствување на МЗШВ, Љупчо Николовски е вицепремиер во владата, и тоа со задачи за борба против корупција и добро владеење, а корупцијата му се случувала пред нос.

Во период од 2021, кога Николовски е вицепремиер и не е во министерството за земјоделство, преку 2022 до 2023 година кога Љупчо Дон Николовски е министер во МЗШВ, на ДЗС Илинден без основа и се исплатени 13 милиони денари.

Спротивно на член 14-а од Закон за земјоделство и рурален развој ДЗС Илинден не е евидентиран на листите за должници додека имал право да го користи договорот од страна на МЗШВ, во време кога Љупчо Дон Николовски е министер.

Спротивно на член 15 од истиот закон министерството не го избришало договорот за закуп од единствениот регистер на земјоделски стопанства чија база е основа за поднесување на апликација за субвенции и овозможило закупецот неосновано да се стекне со 13 милиони денари, во време кога Љупчо Дон Николовски е првин вицепремиер, а потоа и министер. Институциите не направиле контрола согласно член 48 од овој закон и преку агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството се исплатени финансиски средства спротивно на одредбите од член 50, 51, 52 и 61.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.