Како Влада овие седум години со конркетни мерки и политики, со дела докажавме дека може поинаку, дека може подобро. Докажавме дека водиме искрена грижа за секој еден граѓанин. За нас граѓанинот е на прво место. Граѓаните знаат дека со нас дадениот збор се исполнува, дека за нас зборот даден пред граѓаните важи.
Докажавме дека платите можат да растат, да растат пензиите, да има зголемени и навремени субвенции за земјоделците. Денес минималната плата изнаесува 22.500 денари, а просечната плата, 40.000 денари. Растат и пензиите, па денес минималната пензија изнесува 13.900 денари, а просечната пензија 20.195 денари, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на денешната средба со пензионерите од Крива Паланка.
На средбата говореше за тоа дека со донесената нова методологија се гарантира постојан раст на пензиите.
-Сите 330.000 пензионери два пати годишно имаат гарантирано усогласување на пензиите, следејќи ги растот на трошоците за живот и порастот на просечната плата. Ова значи дека пензионерите веќе не зависат од нечија добра волја дали ќе имаат или не зголемување на пензијата, туку имаат гарантирано зголемување на пензиите како растат трошоците и како се зголеува просечната плата. Ваквата методологија гаранитра стабилен пензински фонд и сигурна пензија до секој еден пензионер. Заедно со мојата колешка министерката за труд и социјална политка Јована Тренчевска, се грижиме и за жената земјоделка, подобрувајќи ја нејзината позиција во општеството. Руралната жена ја поддржуваме со грант поддршка од 6.000 евра, а обезбедиме и 100.000 денари како поддршка за мајчинство на жените земјоделки, решавајќи еден децениски пробелм кои го имаа жените земјоделки. Посветено работиме во интерес на сите граѓани. Докажавме дека можеме, а заедно можеме уште повеќе да направиме. Не се откажаувме и заедно продолжуваме понатаму, во нови мерки и нови резултати за сите граѓани, порача Николовски.
Дополнителната министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, пред кривопаланчани рече дека ветеното во програмата досега, за највозрасните, за пензионерите, е исполнето. Најави дека МТСП ќе гради 12 домови за стари лица во државата, а методологијата за усогласување на пензиите два пати годишно,рече, е начин да можат спокојно и мирно да живеат највозрасните граѓани.
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, говореше за она што е направено во областа на социјала, нега и грижа за квалитетот на живот на највозрасните жители.
– Три години работи „Нега Центар” преку кој во партнерство со МТСП и Црвениот крст, 98 корисници, стари и изнемоштени, осамени лица добиваат нега и грижа во домот од 32 негуватели, од август 2023 во Крива Паланка имаме “Дневен центар за стари лица со активно стареење”, еден од само четири во државата кој и во третата доба им овозможува активно учество во секојдневниот општествен живот на возрасните. Дом за стари лица со реконструиран и адаптиран дел од објектот на ученички дом “Боро Менков” наскоро во градот. Проектна документација е изготвена, МТСП ги предвиде средствата со годишната програма за 2024, а вредноста на проектот е 42.000.000 денари со ДДВ, рече Митовски.
Нагласи и дека во соработка со соседна Општина Ранковце се работи на изнаоѓање правен модел за воведување бесплатен меѓуопштински превоз
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.