Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски упати честита до граѓаните по повод Меѓународниот ден на трудот.

Како што наведува Николовски, 1 Mај е симбол на храброста и одлучноста, на борбата за подобро утре, ден за признание на трудот и за уште поголемо залагање за правата на работниците.

Почитувани граѓани, работнички и работници, нека е честит 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. Вие сте движечката сила на македонската економија и на развојот на нашето општество. 1 Mај е ден симбол на храброста и одлучноста, на борбата за подобро утре, ден за признание на трудот, ден за уште поголемо залагање за правата на работниците. Продолжуваме да ги штитиме работничките права, во духот на солидарноста и социјалдемократијата, да бидеме целосно посветени на обезбедување услови за развој, напредок и еднакви можности за сите, пишува министерот во честитката објавена на неговиот фејсбук профил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.