Во претстојниот период треба да се направат неколку работи пред се за пациентите. Прво, позитивната листа во државава не е сменета неколку години. Исто така недостасуваат неколку лекови токму од областа на новиот министер Фатмир Меџити. Второ, Алијанса за Албанците влегуваат во оваа Влада по втор пат, најавија укинување на организациските директори и тоа не го реализираа, еве имаат повторно шанса. Со укинувањето нема да одат толку средства за функционери, рече доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната дебата на телевизија 24.

Доктор Николов се осврна и на темата нов клинички центар.

„Ние имаме готов проект за нов клинички центар, а договорот се прекина од актуелната власт. Зоран Заев и Венко Филипче одлучија да се прекине договорот и сакаа да се најде ново место или го предложија Веле Поле, но не предложија никаков проект“, рече Николов.

Според него доколку пак се завршеше проектот нов клиники центар  посоодветно ќе се одговореше на корона пандемијата.

„Факт е дека власта направи стратешка грешка со прекинување на договорот и излезе дека треба да се плати огромна сума за отштета“, кажа Николов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.