Со директорите на ФЗОМ, Клековски и Аџигогов одржавме состанок во Универзитетскиот институт за позитроно – емисиона томографија, каде со директорката д-р Маневска разговаравме за можноста за зголемување на капацитетите на овој центар, напиша на својот фејсбук профил Игор Николов

Целта е намалување на листата на чекање, особено на највулнерабилната група на пациенти – онколошките.
Како единствен ваков центар на регионот, УИ за ПЕТ се стреми кон имплементирање на нови радиофармацевтици, со што ќе се зголеми нивото на здравствена заштита и услугите до пациентите ќе бидат подостапни.
Преку инвестиција во нова опрема нашата интенција е проширување на дијагностичките модалитети, искачување на повисока скала на нуклеарната медицина во нашата земја, на ниво како и во останатите европски и светски центри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.