Потребна е итна, брза и корективна ревизија на позитивната листа со цел нејзино модернизирање.
Не можеме да дозволиме да се лекуваат пациенти со лекови на позитивната листа кои се од 1995 година за хипертензија.
Нашите пациенти се лекуваат со лекови на позитивна листа која не е промената 11 години. Дојдоа на власт со ветување дека ќе донесат модерни,современи лекови, а денеска пациентите купуваат обични лекови во Косово и Србија – ова се дел од моите поенти во однос на модернизирање на позитивната листа на лекови.
На денешната трибина посветена на рестартирање на здравствениот систем која се одржа попладнево во Струмица во рамки на акцијата ,,Ова е Македонија за сите” потенцирав дека освен Македонија и Косово во ниту една европска земја нема лимит за пациентите со цистична фиброза да бидат третирани со најсовремени лекови.
Кој ги утврдува критериумите и кој е тој што одбрал кои пациенти ќе бидат третирани.
Немаме модерна позитивна листа зашто парите се потрошени за други ненаменски работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.