Министерот за здравство, Фатмир Меџити очигледно не го интересира работењето на јавните здравствени установи. И додека тие се распаѓаат во секоја смисла, за него поважни се турнеите низ светот, како што му е важно да си игра министер за надворешни работи. Празните флоскули во неговите соопштенија за таквите патувања низ светот јасно покажуваат дека Меџити не го интересира функционирањето на здравствениот систем. Уште помалку е заинтерсиран за бенефитот на здравствените работници и функционирањето на здравствениот систем.
Доколку Меџити заврши со патувањата низ светот за почеток го охрабруваме да ја информира јавноста за работата на неколку клиники со оглед на тоа дека до нас како Комисија за здравство пристигнуваат информации од вработени за низа нерегуларности.
Меџити во духот на транспарентноста со која што им се полни устите, а во пракса гледаме нула отчетност треба да даде одговор или јавно да ги објавени извештаите од надзорите за почеток од работата на следните институции: Институтот за трансфузиона медицина, Универзитетските клиники трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар познато како ТОАРИЛУЦ, Клиниката за кардиологија, Клиниката за хематологија и Клиниката за ревматологија.
Меџити треба да даде отчет и одговори на следните прашања:
Прво, кога и колку надзори во овие пет установи извршиле и контролирале надлежните институции. Или кога и колку контроли направило Министеството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Државниот завод за ревизија и Државниот санитарен и здравствен инспекторат?
Второ, доколку имало контроли на работата што е констатирано од надлежните институции и да се објават забелешките?
Трето, дали и што преземало Министерството за здравство и другите надлежни институции за да ги отколанат аномалиите кои што се случуваат во овие организации?
Меџити треба да одговори колку „Онкологии” има во комплексот Клинички центар Мајка Тереза, а не да дозволува да се заташкуваат работите како што е во случајот со Клиниката за онкологија. Укажуваме до надлежните институции меѓу кои и Државниот завод за ревизија за потребата од контрола на работатата на сите здравствени институции, а за почеток на гореспоменатите институции.
Го потсетуваме Меџити дека согласно Законот за здравствена заштита основна дејност на Министерството за здравство е надзор на работата на јавните здравствени установи, а не прошетки по светот! Истовремено потсетуваме дека состојбата со медицинскиот кадар е алармантна, а додека Меџити ја префрлува вината на други институции кога станува збор за вработување на суштински медицински кадар, истиот тој без никаков проблем објавува огласи за вработувањ на административен кадар.
Штетите од ваквите политики за здравствениот систем се нанесуваат и тие ќе бидат на долг рок. Време е оваа влада да заврши со своето владеење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.