Aлексанар Николоски, потпретсеател на ВМРО-ДПМНЕ е убеден дека уставните измени нема да бидат последното барање на Бугарија.
Преку глава им е на луѓето од „само уште ова“. 30 години Македонецот и Македонија слуша само уште ова. Првата промена на името во поранешна Југословенска Република Македонија на Киро Глигоров беше дека ќе трае само шест месеци и од тогаш е „само уште ова“ .Само уште името, само уште знамето, па Уставот, па Договорот за добрососедство со Бугарија. На луѓето животот им помина во „само уште ова“.Што е доста доста е, мора да се стави точка. Сите сме свесни дека Македонија нема намера да стави точка и затоа ние треба да ја ставиме точката за еднаш за секогаш да се знае дека попуштање нема.
Николоски предупредува дека можеме да се доведеме на секои шест месеци да бидеме блокирани од Бугарија ако се толкува работата на историската комисија.
Историјата е прашање кое на Балканот секогаш е спорно а Македонија може да се доведе во ситуација да биде условувана на секои шест месеци да условувана.Ако теоретски се заврши прашањето со Уставот, што нема да се заврши никој не може да гарантира дека за шест или 12 месеци Бугарија нема да рече или ќе признајте дека Гоце Делчев е Бугарин или нема да продолжите да преговарате со ЕУ. Tогаш истите овие сега кои велат до Уставот ли ви дојде ќе велат до Гоце Делчев ли ви дојде. Ова што го зборувам не е далеку од вистината бидејќи Пендаровски како претседател се обиде да игра со националната определба на Гоце Делчев што е сериозно бидејќи е претседател на државата без разлика што има 0,2 посто рејтинг. Штом има спремни политичари да тргуваат со Бугарија ова ќе го побара. Затоа мора да ставиме точка и да кажеме толку е.
Николоски смета дека се потребни цврсти гаранции дека Бугарија ќе ја напушти политиката на вето.
Дури и преговарачката рамка да е само по копенхашки критериуми Бугарија како земја- членка и без причина може да стави вето секогаш кога ќе посака. Затоа е клучно ние како држава и македонски народ добиеме цврсти гаранции дека Бугарија ќе ја напушти политиката на вето. Секогаш кога на било кој бугарски политичар или влада ќе му паѓа рејтингот или пак ќе се пред избори ќе им биде најлесно да го отворат македонското прашање и да градат политички поени но наша страна ќе се случуваат шокови и се удира во нашиот идентет и самобитноста на македонската национална држава и во засебниот македонски јазик, историја и култура. Тоа се основните темели на независната македонска држава и тука ние не смееме да попуштиме затоа што еден столб ако се разниша тогаш паѓа целокупното постоење на македонската држава.Затоа ни се потребни цврсти и јасни гаранции дека Бугарија нема да продолжи да го користи ветото но тоа во овој момент не го гледам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.