Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски изминативе денови учествуваше на најголемиот политички летен камп во Европа „Балвањос, универзитетски и студентски камп“ кој традиционално по 31 пат се одржува во Трансилванија.

На социјалните мрежи тој кусо ги сподели впечатоците од кампот.

Балвањос, универзитетски и студентски камп е најголемиот политички камп во Европа, интересен концепт, многу млади, многу теми, прекрасна енергија, напиша Николоски на Фејсбук.

Во своето обраќање Николоски се осврна на бугарското вето за Македонија, нивните барања, како и за францускиот предлог.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.