Заради притисокот што потекнува од Законот за урбанистичко планирање, цената за метар квадратен во општините Центар и Карпош достигна до 3 000 евра, истакнува министерот за транспорт Александар Николоски.

Поради овој притисок кој го имаме, квадрат во Центар и Карпош стигна до 3 000 евра. Нас ни се случува да луѓе во внатрешноста продаваат двокатни куќи за 50 000 евра, а во Скопје или во овие две општини, за тие пари не можат гарсоњера да купат и следно што прават – се иселуваат. Нема млада брачна двојка која може да си дозволи 3 000 евра за метар квадратен, а тоа е така затоа што се случи оваа хистерија против урбанизмот од една страна, од друга страна се сè концентрираше во главниот град, од Скопје се град – држава, внатрешноста пропаѓа, а овде цените одат до небо, посочи Николоски во гостување во централниот дневник на ТВ „Сител“.

Тој понуди решение со кое ќе се формира комисија од сите релевантни страни и да се изготви нов Закон за урбанистичко планирање со кој ќе се стави ред во урбанистичкиот хаос.

Затоа, со тој закон кој заеднички ќе го работиме со здруженијата на граѓани, невладините организации со еден хетероген состав, сакам меѓу другото и овие прашања да ги решиме, додаде министерот Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.