ВМРО-ДПМНЕ не се бори за победа, ВМРО-ДПМНЕ на овие парламентарни избори се бори за поголема разлика се брои за 61 пратеник за да имаме стабилна влада која ќе ја врати гордоста на македонскиот народ и која ќе ја врати Македонија на едни нормални патеки до кои е извадена сега, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување на телевизија Алфа во емисијата „Вечерно шоу на Богдан Илиевски“.
За чист мандат потребна ни е референдумска излезност, ни треба стабилно мнозинство. Не е идејата да правиме влада со некои актуелни партии. СДС и ДУИ мора да одат во опозиција тие се причината зошто македонскиот народ е понижен, зошто е газен и понижуван, тие се причина зошто се смени името. Тие се изворот на сите зла, тие се извор и на криминалот и корупцијата. Затоа во Македонија е потребна радикална промена, изјави Николоски.
Николоски вели дека за изборните листи на СДСМ и СДСМ како партија немаат поддршка.
Една ПР агенција нуди по 100 евра портал за да се објави промотивен текст за мојот против кандидат. Тука е прашањето од кај им се толку пари. Значи освен Изреалецот и оваа агенција не можам да видам кој го поддржува СДС. Но, можам да видам многу кеш и нечисти пари кај СДС, а за тоа ќе има одговорност по избори, вели Николоски кој укажа дека се што е објавувано за криминал и корупција е поткрепено со аргументи и докази.
Оттука, додаде Николоски, после избори ќе има одговорност за сите кои правеле криминал.
За сите за кои ќе има докази или ќе се обезбедат докази ќе одговараат по изборите, кажа Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.