Во извештајот е правилно напишано дека за да се спротивставиме на овие предизвици за основните вредности што Советот на Европа има за цел да ги поддржува, извештајот повикува на зајакнато придржување кон основните вредности. Ова вклучува зајакнување на законодавството за спротивставување на екстремно десничарскиот екстремизам, подобрување на образованието и медиумската писменост и борба против онлајн радикализацијата, oбјасни Александар Николоски пред Советот на Европа.
Во Нацрт-резолуцијата се нагласува дека политичарите и политичките партии треба да бидат во првите редови и да одговорат на крајниот десничарски екстремизам, како во јавната одбрана на човековите права и демократските принципи, така и во недвосмисленото отфрлање на сите форми на расизам и нетолеранција, тоа е нешто што мора да го направиме овде.
Крајно десничарската идеологија можеме да ја најдеме во многу земји-членки на Советот на Европа.
Сакам да го потенцирам примерот на Бугарија, каде претседателот на државата Румен Радев и потпретседателката Јотова спроведуваат крајно десничарско екстремистичка политика. Радев и Јотова го користат членството на Бугарија во ЕУ за да и наметнат вето на Македонија, барајќи од Македонците да ја променат историјата, јазикот и културата за да започнат преговори за пристапување.
Истовремено, тие не им даваат никакви човекови права на Македонците кои живеат во Бугарија, лишувајќи ги од правото на самоопределување, употреба на мајчин јазик и право на образование и здружување. Во последните месеци тие отидоа чекор понатаму барајќи од Македонците во Албанија да го сменат идентитетот од Македонци во Бугари. Во Албанија никогаш немало Бугари и со векови живеат Македонци. Но, Бугарија ја уценува Албанија со нејзиниот напредок кон ЕУ барајќи од нив да им наметнат нов идентитет на своите граѓани. Ќе се согласите дека ова не се европски вредности. Ова е крајно десничарски екстремизам и идеологија што се случува во 21 век. И затоа треба да се бориме.
Тие ги користат сите средства за да најдат ваков идентитет таму каде што не можат да најдат. На граѓаните им нудат пасоши кои се и ЕУ пасоши само за да се изјаснат поинаку од тоа што се. Тие го злоупотребуваат своето членство во ЕУ за да го променат националниот идентитет. Затоа барам ЕУ да ја преиспита својата политика кон Бугарија и да не дозволи злоупотреба на нивното право на државјанство и пасоши за политички цели и промена на националниот идентитет.
Така Бугарија го продолжува овој пример на национална асимилација. Го уценуваат Македонецот, ставаат вето и ја запираат Македонија да стартува преговори за членство со ЕУ, исто така не ги почитуваат човековите права на Македонците во Бугарија и не ги спроведуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права и ја уценуваат Албанија обидувајќи се да најде идентитет што не постои.
Нема да успеат! Но, ова е најдобар пример за крајно десничарска идеологија, и затоа го поддржувам овој извештај кој треба да даде насоки во борбата против овој крајно десничарски екстремизам и крајно десничарска идеологија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.