Многу теми не беа познати за јавноста. Претседателот Мицкоски имаше интервју за најголемиот весник во Европа ФАЦ во кој презентираше факти кои не беа познати. ВМРО-ДПМНЕ има еден систем на прочистување, на катарза кој веќе неколку пати го прави и тоа е една од причините за опстојувањето на партијата како најсилна политичка партија во Македонија и тоа го правиме и сега, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ за „Здраво Македонијо“ на Канал 5.

Николоски потенцираше дека она што недостасувало во Македонија досега е тоа прочистување да се направи и во државата и тоа ќе се случи после победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори.

– Преку глава им е на луѓето од договори позади завеса на политичарите. Македонија стана земја на теории на заgовор во која луѓето повеќе веруваат во теорија на заговор затоа што политичарите од врвот ги хранеа тие теории со непринципиелните и нечисти договори позади завеса. На таа работа сакаме да и ставиме крај. Секако не е лесно и во сопствена политичка партија да го направите, но мора ако сакате партијата да чиста и здрава, за да може како таква да направи Македонија здрава и чиста од криминал и корупција, додаде Николоски.

Николоски истакна дека приоритет е како после победата ВМРО-ДПМНЕ ќе влезе во идната влада, како и тоа дека време е ДУИ да оди во опозиција.

– Една од основните работи е досегашнава владејачка елита, пред се мислам и на ДУИ да ја пратиме во опозиција и тоа е предуслов за функционален систем на владеење на правото. Второ е лошите пракси да се тргнат. Многу е важно луѓето што носат со себе, имаме добар тим и клучното дали луѓето се доволно чесни да направат чесна држава, изјави Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.