Во следните два дена во рамки на Советот на Европа ќе имам бројни средби во кои што ќе разговарам со бројни пратеници од сите европски држави. Ќе разговарам за интересот на Македонија, за потребата Македонија да почне преговори за членство со ЕУ на достоинствено. Македонците да почнат преговори за членство со ЕУ како Македонци. Македонскиот јазик да биде признаен како македонски јазик, односно да се отфрлат тешките барања кои што ги поставува Бугарија и која што става вето на почетокот на преговори на Македонија со ЕУ – изјави потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски.
Тој додава дека она што го гледа изминативе денови е целосен дебакл на македонската дипломатија.
Затоа што дозволија еден документ кој што е во целосно спротивно на македонските национални интереси веќе да циркулира во европските главни градови и за него да се разговара. Тоа е катастрофален документ. Тоа е документ кој што значи поништување на Македонија, и на македонскиот народ и на македонскиот јазик. Останува нејасно зошто има целосен молк од страна на Владата, премиерот Ковачевски, и министерот Османи. Единствениот логичен одговор е затоа што на тоа се согласиле – истакнува Николоски.
Тој и ВМРО ДПМНЕ, повикуваат да се отфрли тој документ.
Повикуваме да се отфрли тој документ и јасно кажуваме од тука од Стразбур дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати ниеден документ кој што задира во македонскиот јазик, македонскиот народ и македонската самобитност. Ние можеме да стигнеме до европските вредности на правилен начин, а не со понижување и со уцени – рече да крајот Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.