Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 потсети дека претходно во истото студио кажал дека во јануари може да добиеме само датум за скијање.

„Тоа што ме боли е што се злоупотребува процесот на евроинтеграции како во ниедна друга држава“, вели Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, вели дека има два патишта за решавање на проблемот со Бугарија во однос на почетокот на преговорите, односно како што рече тој едниот е овој во моментот кој што го одбра владата на СДСМ и Ковачевски практично да удоволува на барањата на Бугарија, и вториот е двонасочен кој што е прифатлив за ВМРО-ДПМНЕ а тоа е силни реформи и робусен дипломатски притисок врз Бугарија.

Генерално има два патишта во овој проблем. Едниот е овој кој што го одбра владата, а тоа е да се разговара со Бугарија и практично да се удоволуваат барањата на Бугарија, прашањето е само во кој степен и колку. И вториот е да се избере еден друг модел кој според нас е правилниот, а тоа е двонасочен модел. Првата насока значи силни реформи внатре во Македонија, и втората значи робусен дипломатски притисок врз Бугарија со аргументи на силни реформи внатре во Македонија, нагласи Николоски.

Според Николоски, Бугарија не е единствената држава, туку дека најголемите и најмоќни земји членки имаат резерва кога станува збор за почеток на преговори на Македонија со Европската унија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.