Очекувам оваа Влада да падне веќе за неколку недели, а потоа да следуваат предвремени парламентарни избори, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостување во “Што не е јасно” на Алфа телевизија.
Шарена лага е дека Македонија почнува преговори со прифаќање на предлогот, Албанија ќе почне преговори и затоа ние жестоко реагираме. А какво е расположението може да се види од фактот што 6 дена со ред без посебна логистика и организација, само со еден повик има масовни протести и мобилизација на народот. Јас верувам дека да не беше економската криза каква што е, ниту бензинот скап како што е, што е повторно вина на власта, ќе имаше многу повеќе луѓе но тие што не можат да дојдат до Скопје се мобилизираат во нивните градови – истакна Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.