„Не можам да се согласам дека Македонија има само еден избор, а тоа е да прифати дека македонскиот народ е ист како бугарскиот народ, дека корењата ни се бугарски, дека има бугарска историја, дека зборува дијалект на бугарски јазик. Тие работи нема никогаш да ги прифатиме по ниедна цена“, порача потпрестедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Детектор“.
Македонскиот народ 30 години е притискан да попушта нешто, нагласи Николоски.
Тој рече дека доколку ЕУ смета дека Македонија заслужува да оди напред тогаш може да се најдат други форми како да се започнат преговорите со ЕУ. Во спротивно барањата на Бугарија само ќе растат.
Во една средба со премиерот Пленковиќ ми рече вие сте нација која што најмногу има истрпено и најмногу има дадено во овие 30 години, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Николоски во текот на емисијата се осврна и на уставните измени при што порача дека ако власта е толку сигурна дека има мнозинство за уставни измени, нека го стават во Собрание на Дневен ред.
Ние во 2020-та година, на тие избори не ветивме уставни измени на граѓаните. Ниту пак ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ, ниту ДУИ, ниту Алијанса, ниту никој. А, сега кога ќе има избори нека излезат и нека ветат уставни измени, па да видиме дали ќе ги гласаат граѓаните“, рече Николоски.
Николоски додаде да не се дозволи да се случи како што се случи со Охридскиот Рамковен договор, кога политички партии во 1998 година не ветија таков договор,а го потпишаа во 2001 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.