Денеска имавме разговори со останатите политички партии на кои што ги презентиравме забелешките на ВМРО-ДПМНЕ кон општиот став на ЕУ таканаречен преговарачка рамка, и заедничкиот став на ЕУ односно преговорите за пристапување, или поедноставно предлогот кој што беше доставен до Македонија,изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски по денешниот состанок.
Се работи за три документи од кои што два се суштински затоа што само за Македонија се прави преседан во кој што првата меѓувладина се одлага и се условува со усвојување на уставни измени.
Нашите позиции се многу јасни, многу прецизни, ги презентиравме во документ кој ќе ви биде поделен после изјавата, во кој што точно интервенираме во рамки на овие два документи, во точни членови и со точни називи.
Првата точка во која што интервенираме е точка три од општиот став каде што бараме реченицата „ЕУ ги зема во предвид соодветните еднострани декларации на Бугарија и Македонија за македонскиот јазик“ да се избришат. Ова го бараме затоа што сметаме дека македонскиот јазик е самостоен, независен и нема што Бугарија да дава мислење во однос на македонскиот јазик кој што ќе станува дел од документите на ЕУ, и предлагаме јасно да пишува дека документите на ЕУ од акито и сето останато во преговорите ќе бидат на македонски јазик.
Значи велат јасна формулација за македонскиот јазик, ова е јасна формулација за македонски јазик, македонски јазик без никакви изјави, дообјаснувања, подобјаснувања итн.
Втора работа, во точка пет од преговарачката рамка се брише последната алинеја, која што го вклучува договорот за добрососедски односи со Бугарија од 2017та година како и годишните прегледи и мерки за негово ефективно спроведување според членот 12. Во точка пет се ставени критериумите според кои што Македонија ќе напредува за сите држави тоа се Копенхашките критериуми и договорите за стабилизација и асоцијација, само за Македонија се додаваат билатералните договори и специјално членот 12 во кој што е предвидено дека Бугарија ќе има контрола врз нашата историја, нашите учебници, нашето образование и нашата самоидентификација, тоа не можеме да го прифатиме и затоа бараме да се избрише.
Понатаму, во преговарачката рамка бараме во точка 1 да се избришат зборовите „првата фаза од“ односно поедноставно кажано да нема поделба на првата меѓувладина конференција и да не се условува со промена на Уставот, туку веднаш да започнат преговорите.
Второ, бараме да се избрише точката 11 која што гласи „оваа преговарачка рамка ќе ви ја презентираме врз основа на општиот став на ЕУ за време на следниот состанок на меѓувладината конференција која сме подготвени да ја одржиме без понатамошни одлагања или дополнителна политичка одлука, веднаш што Македонија ќе ја спроведе својата заложба за завршување на уставните измени“. Ние сметаме дека уставни измени не се потребни за Македонија да почне преговори со ЕУ.
Следно што бараме да се избрише е точка 13 од преговарачката рамка која што исто така го дели преговарачкиот процес. И финално точка 14 од преговарачката рамка во која што пишува дека „во таа насока го поздравуваме договорот за протоколот од вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија формирана согласно членот 12 од договорот за добрососедство со Бугарија, овој важен чекор ќе придонесе кон добрососедските односи и регионална соработка кои што остануваат суштински елементи од процесот за проширување како и од процесот од стабилизација и асоцијација“, предлагаме да се избрише условувањето со усвојување на протоколот и следни протоколи кои што би ги имала Македонија со Бугарија, затоа што тие протоколи се уценувачки за Македонија и во истите се бара ревизија на македонската историја, македонската култура и самобитност.
Ова се нашите ставови, ова се нашите позиции и тие јасно ги презентиравме.
Можам да искажам чувство дека кај власта расположение за ова нема и единствено што размислуваат е како да се разводнува процесот. Затоа ги повикувам сите граѓани вечерва во 19 часот се гледаме повторно на протести пред Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.