Јасна е поставеноста на политичката сцена и јасно е кој каде е. ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Мицкоски и од градоначалниците кои што реализираат проекти е на делот на реализација на проекти, на промени и на делот на кој што носи иднина, СДСМ сѐ уште од позадина раководено од Зоран Заев и од неговите пиуни кои што преставуваат најдобар израз на заевизмот е она што влече назад и што е ретроградно, ова денеска го истакна во неговиот говор потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на настанот „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт – отчет на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ“ кој беше организиран во Битола.

Николоски потенцираше и дека власта во овие 100 дена правеше сѐ за да ја попречи работата на општините, па затоа се толкави долговите на истите и затоа не стигаат дотациите од буџетот. Со ваквата блокада според него власта сака да ги казни градоначалниците, но заборава дека го казнува народот кој ќе ја казни на локалните избори и ќе ја казни уште пожестоко на предвремените парламентарни избори.

Во такви услови тие мислат дека доколку ги казнат општините и доколку не помогнат на општините ќе ги казнат градоначалниците, но во суштина го казнуваат народот, а народот не е наивен. Народот не треба да биде потценет затоа што добро разбира што прави оваа ненародна власт. Ја казни жестоко на локалните избори, а ќе ја казни уште пожестоко на предвремените парламентарни избори коишто ќе се случат побрзо од што мислат – заклучи Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.