Денеска сум во Брисел, во посета на Европската Комисија каде што се сретнав со комесарот за проширување, Оливер Вархеји. А, исто така имам и средба со директорката на Одделот за проширување за Западен Балкан, Валентина Суперти – изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додава: На двете средби разговараме за можноста регионот да се доближи до ЕУ. Особено тоа го правам како известител за Босна и Херцеговина во рамки на парламентарното Собрание на Советот на Европа. Но, исто така зборуваме и за перспективите на Македонија во рамки на ЕУ.
Местото на целиот регион е во ЕУ. Местото на Македонија е во ЕУ, тоа го нагласив.
И после осми мај по победата на парламентарните избори заеднички ќе работиме ден поскоро, час поскоро Македонија да стане член на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.