Во вечерашната емисија „Само интервју“ на Канал 5 ТВ гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој што истакна дека измените на кривичниот законик ја покажаа целата бруталност и злоупотреба на власта а суштината е дека има застарување за претходни судски случаи но има и амнестија за идни.
„Практично измените на кривичниот законик ја покажаа целата бруталност на злоупотреба на власта, да потсетам дека власта имаше два претходни обиди за злоупотреба на ЕУ знаменцето од едниот се откажаа од другиот не се откажуваат. Пробаа законот за медицинска марихуана да го поминат со ЕУ знаменце во корист на фамилијата Заеви, па се повлекоа. Вториот закон кој што нема никаква врска со ЕУ е законот за игри на среќа кој што исто така е со ЕУ знаменце и кој што го туркаат во моментов во собрание, со цел да се задоволат бизнис интересите на Артан Груби. И закон кој што исто така влезе со ЕУ знаменце е овој за амнестија и затоа ние рековме доколку се обидуваат да продолжат да го понижуваат собранието ние немаме ниту еден друг начин освен да одиме на излезна врата“, посочи Николоски.
Николоски кажа дека причината зошто до сега не го напуштиле собранието била токму за да се спречи изгласување на лоши закони.
„Причината зошто до сега не го напуштавме собранието беше токму за да спречиме изгласување на лоши закони. И многу спречивме и многу номинации спречивме. Спречивме Јовевски да стане уставен судија, спречивме закон со кој што земјоделското земјиште во Македонија можеше да се трансформира за фотоволтаици, па Македонија да нема храна од каде да произведува и бројни други“, нагласи Николоски.
Николоски посочи и дека со измените на кривичниот законик се избриша ставот 5 делот кој што се однесува на местење на тендери.
„Јас во мојот говор јасно кажував кој се ќе биде спасен од одговорност и кој се спаси со измените на кривичниот законик, таму работата е јасна. Се избриша ставот 5, делот кој што се однесува на местење на тендери. Сега местење тендер веќе не е кривично дело. Вториот проблем е злосторничко здружение каде што казната од 10 нагоре се намали на три години“, нагласи Николоски.
Николоски посочи и дека суштината на измените на кривичниот законик е дека има застарување за претходни судски случаи но има и амнестија за идни.
„Суштината е дека има застарување за претходни судски случаи но има и амнестија за идни. На пример Зоран Заев за период 2017, 18, 19 ,како премиер веќе не може да одговара.Мила Царовска за период кога беше министер веќе не може да одговара, Дамјан Манчевски за период кога беше министер веќе не може да одговара, Арбен Таравари за период кога беше министер не може да одговара, Драги Рашковски или ќе излезе од затвор или значајно ќе му биде намалена казната исто и Мухамед Зекири, Оливер Спасовски нема да одговара за набавката за чизми во рамките МВР за што се поднесе кривична пријава во рамки на техничката влада“, истакна Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.