Јавноста е најмногу разбранувана во понеделникот кога отворив дебата околу сознанија кои се покажаа како точни. Ќе објавам сега една страна од договорот. Она што го пишува на оваа страница досатвена до мене од свиркачи е следно. Ако сега станува збор за пет дена работа по 8 часа, овој договор предвидува пет дена по 12 часа. Поедноставено ако не се усвои закон за експлоатација и робовладетелство или ако работниците не работат како робови граѓаните ќе платат еднократно 53 милиони евра, или 2.165.000 евра секој месец, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисјата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа говорејќи како што рече за „вистината за скандалот на векот околу изградбата на автопатите“.

Николоски укажа и други детали.

„Согласно истиот договор Македонија ќе ги плати овие пари доколку законот за 60 часовна работна недела не се донесе во рок од 45 дена по потпишување на договорот со Бехтел и Енка. Пишува дека дури и да се донесе законот после овие 45 дена сумата од 53 милиони евра сепак ќе се плати“, рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека веднаш по обелоденување на овие детали веднаш следеа реакции и од Димитар Ковачевски и Артан Груби. Но, додаде тој, граѓаните ем ќе плаќаат пенали, ем нема да има автопати знаејќи како работат овие од власта.

„Значи прво, нема да има ни А од автопати, и второ направено е кривично дело. Избран е изведувач со договор без тендер, ќе беше далеку потранспарентно и се да беше на тендер. Прблематичен дел е што Владата наравила договор на непостоечки закони во Македонија, па сега им текнало и ќе менуваат закони“, рече Николски.

Или, укажа Николоски, има прво, злоупотреба на службена долност и второ, рушење на правен и уставен поредок, направен е договор на непостоечки закони.

„Договорот е донесен на непсотоечки закони, или договорот е од 8 март, а законите ќе поминат по 20 април или дури и да се усвојат или да не усвојат Груби ќе одговара. 45 дена од потпишување на договорот поминуваат по 20 април, 21, 22 април, а на 23 април сите граѓани на Македонија за ништо ќе треба да платат 53 милиони евра, значи без иградба, без почната изградба на автопати“, изјави Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.