На денешен ден е ослободено Скопје во Втората светска војна. Ослободувањето на Скопје е Пиемонт на борбата за ослободување на Македонија од фашистичкиот окупатор во лицето на фашистичка Бугарија и фашистичка Италија, истакнува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Во ослободено Скопје први влегуваат Димитар Влахов, Методија Андонов Ченто и Генерал Михајло Апостолски.

 

Димитар Влахов како една од легендите на ВМРО во периодот на ослободителните борби против Отоманската империја, а подоцна и против трите соседи кои ја делат Македонија е најдобар показател за националниот карактер на борбата на македонскиот народ во Втората светска војна и учеството на дејците на ВМРО во партизанското движење и ослободувањето на Македонија. Вечна слава“, посочува Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.