Очајот на СДСМ и на ДУИ го гледаме на сцена, избори ќе се случат, тоа е законска и уставна обврска.Логично и рационално е Македонија да не троши два пати пари за избори во една ваква девастирана економија, каде храната е поскапена 46 посто, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Во такви услови последно што треба да прави Македонија е два пати да троши по 8 до 10 милиони евра со опасност и три пати да троши зошто постои можност претседателските избори да не се успешни зошто е потребен е цензус од 40 проценти во вториот круг.Тоа значи и запирање на стопанството,економијата и сите активности во државата.Надежите се дека имаат некаква шанса за претседателските избори и врз основа на тоа да направат некој бран на парламентарни.Ако ние гледаме чисто партиски интерес на ВМРО-ДПМНЕ повеќе му одговараат разделени избори, затоа што на претседателските избори кандидатот на  ВМРО-ДПМНЕ сигурно ќе победи и потоа СДСМ нема да може по 20 луѓе да најде да стави за парлаемнтарни избори а камоли да се надева на некаков резултат-oбјасни Николоски вчера во емисијата „За или против“.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.