Скопскиот обвинител Ермонд Незири како новоизбран член на Советот на јавни обвинители денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието Талат Џафери.

Незири беше избран за член на Советот на јавни обвинители на 26 април од редот на заедниците кои не се мнозинство во земјава.

Како што информираше тогаш Комисијата за спроведување на изборот, од вкупно 139 обвинители кои го искористиле своето гласачко право, за Ермонд Незири гласале 117, а за вториот кандидат Расим Дреца се изјасниле 16.

Гласањето беше спроведено на пет гласачки места во републичкото Јавно обвинителство и во четирите виши јавни обвинителства во Скопје, Гостивар, Битола и Штип, при што од вкупно 159 јавни обвинители со право на глас, гласале 139, а 20 гласачки ливчиња останале не искористени.

Незири беше кандидат и за претседател на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на изборите во ноември минатата година, кога за прв човек на ова Обвинителство беше избран Ислам Абази.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.