Добро е што ќе има нови 1.117 вработувања во здравствениот сектор, но, предност да имаат тие со искуство кои досега работеа со години под договор на дело, истакнаа денеска националниот координатор на Независниот синдикат на здравствени работници, Боби Бојчевски и претседателот на Независниот синдикат во геријатрија, Лазе Костовски.
Веќе неколку месеци бараме и еве конечно благодарение и на медиумите, кои постојано информираа за тоа, вработени на дело ќе бидат вработени на неопределено време. Благодарност и до Министерството за здравство што ги слушна нашите барања. Но, бидејќи законот за трансформација веќе не постоел, ние и вработените што подолго работат со договор на дело, се плашиме, на јавните огласи, да не влезат на работа сосема други луѓе од надвор, наместо овие, кои со години работеле со договор на дело. Затоа, освен основните барања во конкурсот, диплома и лекарско, замолуваме до министерот, да има услов од доказ за работно ангажирање од над три или четири години за да не се вработуваат без искуство, кога веќе има луѓе со искуство, нагласи Бојчевски.
Беше поставено и прашањето што со административно – техничкиот персонал во здравството, луѓе кои имаат договори за вработување до крајот на годината.
И понатаму се бараат покачување на платата од 30 проценти, бенефициран работен стаж и колективен договор.
Меѓу барањата е и тоа за 15 отсто зголемување на платите за медицинските сестри во најбрзо време, па 30 проценти за цело здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.