Градоначалникот на општина Сарај и дел од Незадоволните Блерим Беџети денеска во изјава за медиумите, по средбата во ДУИ истакна дека исцрпени се сите можности, односно тие ќе функционираат како фракција.

„Исцрпени се сите можности да дебатираме за реални проблеми. Ќе продолжиме со нашите активности, со партиските бази, со членството и оттука ги повикувам сите членови да не поддржат и да разговараме за разликите што ги наметна оваа власт која ги узурпира органите на одлучување кои се надлежност на партијата. Ќе продолжиме да функционираме како фракција во рамките на ДУИ и отсега ќе имаме свои ставови за сите прашања“, порача Беџети.

На прашањето дали ќе се формира нова политичка партија, тој кратко истакна дека ќе функционираат како фракција.

„Не, ние ќе функционираме како фракција во ДУИ“, вели Беџети.

Инаку, средбата на ДУИ се уште не е завршена, додека пак членовите на „Огнената група“ излегоа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.