„Една во замена за стотици други не е загрижувачки тренд“. Вака новите владини партнери им вратија на незадоволните од ДУИ, кои се пофалија на фејсбук дека, членот на централното Собрание на „Алијанса за Албанците“, Роланда Превала Кадриу, се приклучила на каузата што ја предводи оваа група во рамките на ДУИ.
Изет Меџити, пак, синоќа во емисија изјави дека, причината Кадриу да ја напушти партијата и отворено да ја поддржи каузата на незадоволните од ДУИ е несогласувањето со партиската одлука да се влезе во владата. Вели дека незадоволството од работата на ДУИ е големо, но тоа не значи дека ќе има ново движење, или нова партија. Ќе се борат во рамките на партијата, затоа што се таму од првиот ден, а електоратот што ја поддржува ДУИ 20 години заслужува многу подобра извршна власт, со повеќе реализации и проекти, наместо фејсбук влада и лажни промоции.
Членовите на оваа група подолго време држат собири со гласачите, на кои се забележува голема присутност. Паралелно со тоа, и министрите од ДУИ, кои се на тапет на незадоволните, држат средби во истите општини. И едните и другите голема важност ѝ придаваат на општина Чаир, каде и градоначалникот, Висар Ганиу, е дел од незадоволните од ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.