Првата конститутивна седница на новоизбраното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) почна околу 15 часот откако ова партиско тело со 37 членови беше избрано на 15 октомври. Изет Меџити, кој е дел од фракцијата на ДУИ, очекува вистинска дебата и најави дека ќе бараат смена на Артан Груби.

– Ќе згреши било кој што мисли дека ќе има само формална дебата. Мислам дека ова е Демократската унија за интеграција каде што секогаш има жестоки дебати во функција да се исправиме самите ние, пред да не поправи народот. Поради неефикасност, нереализирање на програмата, ќе бараме смена на господинот Груби, рече Меџити.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.