„Стабилен Балкан значи стабилна Европа“. Вака е насловена политичката анализа објавена на newsmax.com.

Во него, дел е посветен и за Македонија, особено за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Лидерот на ВМРО, Христијан Мицкоски, демонстрираше длабока решеност да ја придвижи Македонија кон позитивна промена. Визијата на Мицкоски е робусно владеење, ослободено од оковите на корупцијата и насочено кон економска ревитализација преку странски инвестиции, се наведува во текстот.

Освен тоа, неговата посветеност на исполнување на обврските кон НАТО и забрзување на пристапувањето во ЕУ зборува за длабоко разбирање на стратешките императиви на Македонија, се наведува во текстот.

Автор на овој текст е пензионираниот полковник Вес Мартин, кој служел на позиции за спроведување на законот ширум светот и има низа значајни признанија во меѓународна политика и бизнис.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.