Бесмира Ејупи, поранешна ТВ-презентерка која Владата сакаше да ја испрати за генерален конзул во Њујорк, за нецела година инкасирала буџетски средства од скоро 12 илјади евра преку 39 трансакции реализирани во текот на ланската и тековната година, пишува најновиот број на неделникот Фокус.

Според податоците од базата „Отворени финансии“, Ејупи во периодот 2021-2022 година фигурира како примател на средства од 5 буџетски органи под ставката 425990, со која, според Правилникот за класификација на расходите, се означуваат „други договорни услуги“.

Најмногу трансакции и најголема исплата кон Ејупи е регистрирана од Државното правобранителство на чело со Фехми Стафа, од каде преку 11 трансакции, главно од износ од по 24.900 денари, и се исплатени вкупно 247.658 денари или околу 4.000 евра, почнувајќи од април лани па се до февруар годинава.

Ист број на трансакции кон Ејупи се регистрирани и од Општина Чаир, кои, со исклучок на една, изнесуваат по 9.000 денари, така што нивната вкупна вредност достигнува 94.935 денари или околу 1.500 евра

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.