Откако беше обелоденето во јавноста дека го добила безбедносниот сертификат – државна тајна, поранешната ТВ водителка, Бесмира Ејупи експресно го вратила. Таа сега е вработената во МНР, на чие чело е Бујар Османи, па го вратила сертификатот во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Со тоа, откако беше објавено во медиумите, Ејупи индиректно признава дека во добивањето на сертификатот државна тајна има незаконитост во која, како што објавија повеќе медиуми, се вмешани високи функционери на АНБ, ДБКИ, МНР и индиректно во државното правобранителство.

Доделувањето на сертификатот е проблематичен, а во вечерашната емисија КОД на ТВ Телма, е објавено истражување како четири политички кариери од двете страни на власта, заедно работеле во конкретниот случај за вработување на несудената конзулка во Њујорк.

Во емисијата КОД е објавено и тоа дека во февруари годинава имало сериозен хакерски напад врз четири големи банки во Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.