Независниот синдикат за здравствени работници, остро реагира за настанот во ГОБ „8 Септември“ , односно за нападот со нож врз здравствен работник.

Тие во напис на социјалните мрежи пишуваат дека насилните и нервозни граѓани кои имаат потреба од здравствена заштита, треба да ги остават пиштолите и ножевите во своите домови и возила и во здравствените институции да бидат ненаоружани и психофизички да се подготвени да им се решаваат здравствените проблеми.

На насилните и нервозни граѓани кои имаат потреба од здравствена заштита, да ги остават пиштолите и ножевите во своите домови и возила и во здравствените институции да бидат ненаоружани и психофизички да се подготвени да им се решаваат здравствените проблеми, стои во пораката на синдикатот.

Од директорите на ЈЗУ преку физичкото и мониторинг обезбедување, бараат зголемување на безбедноста на здравствените работници за време на работа во здравствените институции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.