Се што треба да знаат граѓаните за Република Македонија и за оваа влада, една непосточека фирма со сите пропратни фалсификувани документи да земе околу 90 тендери за лифтови во државните институции, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски одговарајќи на новинарско прашање во врска со случајот кој вчера излезе во јавноста во однос на набавка и сервисирање на лифтови во државни институции од непостоечка фирма
Зошто ја кријат, зошто ја држат во тајност, зошто молчат? Непостоечка фирма сервисирала лифтови, аплицирала на тендери во сериозн и институции како медицински установи и притоа може да му се случи на некој од пациентите, може да настрада некој бидејќи не знаеме дали таа фирма правилно ги направила работите околу лифтовите, нагласи Арсовски.
Тој потенцираше дека тоа е се заради неспособноста на оваа влада, затоа што пред доаѓањето на СДСМ не сме слушнале дека имало непостоечка фирма што земала тендери.
Но, откако дојде СДСМ бидејќи се им е сведено на бизнис на тендери во 4 очи, криминал и корупција, сега гледаме дека над 90 тендери земала непостоечка фирма. Треба да се види кој се е вмешан, а владата јавно да каже која е таа фирма, кој ја помагал затоа што морало некој од власта да ја помага и ова е сериозен скандал. Доаѓа фирма што не постои и зема милионски профит, рече Арсовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.