Новиот в.д претседател на Алијанса за Албанците Арбен Таравари денеска по Централното собрание на партијата изјави дека е донесена одлука на 17 декември оваа година да се одржи вонреден конгрес на партијата.
Денеска имавме второ собрание на Алијанса за Албанците, каде што се констатираше неотповикливата оставка на Зијадин Села. Повеќето членови на конгресот ми дадоа поддршка на Централното собрание. Донесовме одлука на 17 декември оваа година да се одржи вонредниот конгрес на партијата – рече Таравари.
Тој се надева дека Алијанса за Албанците ќе продолжи да биде надеж за повеќето Албанци во државата, за да ги донесат промените во албанскиот блок.
На прашање дали ќе поднесе кандидатура за претседател на партијата, Таравари одговори дека се уште не донел дефинитивна одлука, а сега ќе биде само вршител на должноста. Тој посочи оти кандидатури можат да поднесат сите заинтересирани членови на партијата, две недели до одржување на вонредниот конгрес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.