Jас одговорно тврдам низ историјата немало послаба власт, полоша власт, понеодговорна власт, поодалечена власт, истакна Гордана Силјановска Давкова пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Што не е јасно на телевизија Алфа.

Околу аферата со премиерот и наодот на антикорпуциска е многу буквално толкување. Според Давкова самото постоење и уживање на функцијата прв човек има свое влијание.

Таа посочи дека сеуште некои луѓе не научија дека функцијата е неспоива со вршење на профитна дејност. Нејзино гледиште е како да се алергични на владеењето на правото.

Па сите нивни најблиски се распослани по министерствата, по агенциите и дури во услови на криза може да видите која фирма добри стои која лошо. Кога ќе му тргне лошо на МЕПСО, ги префрлаат во оние кои добро стојат. Како да поверувате дека од сите вработени токму нивните на локално ниво ќе ги препознаат како високо потребен кадар за Министерството за надворешни работи или онаа чудна приказна и со безбедносниот сертификат од највисок ранг, ама и со капацитетот на способностите да советувате во четири-пет министерства на триесетина години. Ајде ви се молам. Затоа треба да ставиме крај на партизираните вработувања, треба на конкурс да ги примаме луѓето во сите институции во спротивно клиентелизмот е неразделно врзан за корупцијата и криминалот. Нам ни се случува фамилијаризација на државата или ако сакате приватизација на државата. Тоа не води кон владеење на правото, ниту е пак европски тренд иако така убаво звучи, истакна таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.