„Почитувани колеги како што сте информирани до сега не ја добивме согласноста за договорите на дело. Треба да ги известите вработените со договор на дело од утре да не доаѓаат на работа”, оваа „честитка“ упатена од Владата на СДС и ДУИ е пратена до директорите на здравствените установи кои добиле задолжение да ги информираат своите вработени, објави Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ веднаш по помпезните најави за вработување кадар со договор на дело предупреди дека се предизборно и манипулативно најавени и се уште едно во низата лажни ветувања кон здравствениот кадар дадени од оваа Влада.
Па така, деновиве здравствени работници со договор на дело во Здравствениот дом Скопје и на скопските клиники останаа без своите работни места, како заслуга за пожртвуваноста и нивните натчовечки напори да се справат со секојдневните предизвици во здравствениот систем.
ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже што значи вистинска грижа за медицинскиот кадар давајќи фокус на унапредување на статусот на здравствените работници и нивно задржување во Македонија, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.