По пукањето пред Ургентниот центар во тетовската болница нема пријави за повредени пациенти или медицински персонал, изјави д-р Бобан Вучевски од Клиничка болница Тетово. Тој информираше и за состојбата на двајцата браќа кои се однесени во Клиничкиот центар во Скопјe.

– Едниот беше во покритична состојба. Беше интервенирано од наша страна и со екипа од анестезија и реанимација префрлен е на скопските клиники. Кај вториот кој беше повреден, но во постабилна состојба, нашите торакални хирурзи поставија торакален дрен за да се стабилизира и исто така е префрлен во скопските клиники, изјави д-р Вучевски.

Околу 18 часот се случи пукањето пред Ургетниот центар, по што двајца браќа од тетовското село Гајре се здобиле со прострелни рани, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на пет лица, кои се сомничат во врска со случајот.

– На пукањето му претходела физичка пресметка помеѓу еден од ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето, информираше СВР Тетово.

Служби на СВР Тетово и јавен обвинител извршија увид на местото во кругот на тетовската клиничка



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.