Досега нема никакви проблеми во функционирањето на техничката Влада. Очекувам таа да остане до крајот на мандатот, односно до почетокот на изборите, рече денеска првиот вицепремиер задолжен за европски прашања во техничката Влада, Бојан Маричиќ.

Според него, веќе е одржана една седница и конституирани се владините тела.

Се очекува во вторник да има можеби повеќе од една седница и да биде усвоен законот за рестриктивни мерки, истакна Маричиќ по положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Во врска со денешното чествување на роденденот на македонскиот револуционер Гоце Делчев, кое помина во најдобар ред, без никакви провокации и инциденти, Маричиќ потенцира дека името и дело на Гоце доликува да се слави достојно.

Драго ни е што нема провокации годинава, името и дело на Гоце доликува да се слави без конфликти и злоупотреба, нагласи Маричиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.