Министерот за економија Крешник Бектеши денеска е во Албанија на средба со министерката за инфраструктура и енергетика, Албанија, Белинда Балуку. Двајцата министри имаа разговори за повеќе теми меѓу кои и зејтинот за јадење кој Србија и го даде на Македонија да се справи со кризата. Владата пак реши дел од тој зејтин да и донира на Албанија.
Инфраструктурното поврзување со Коридорот 8 и справувањето со енергетската криза беа теми на средбата.
Она што падна во очи е позирањето на Бектеши и Балуку само со албански знамиња во позадина. Ако човек не знае дека ова е меѓуржавна посета ќе помисли дека се работи за средба на двајца политичари од Албанија.
За потсетување Бектеши доаѓа од Македонија која има свое државно знаме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.