Во врска со случајот со пациентката која вчера почина, а за која СДСМ претходно објави дека причината е немањето на респиратор, министерот за здравство Арбен Таравари, по посетата на Црвениот крст на Македонија денес одговори дека нема лекарска грешка. Тој појасни дека се работи за случај со акутна леукемија и дека е тоа сериозна болест, а пациентката се инфицирала и со ковид, а лекарите направиле се што било во нивна моќ.

Се работи за случај со акутна леукемија, тоа е сериозна болест, малигна болест за која обично има лоша прогноза. Пациентката е третирана според протоколите, а во меѓувреме е инфицирана и со ковид. Консултиран и анестезиолог и инфектолог, а треба да видиме од што починала. Ддена и е соодветна терапија. Дозволете да добиеме податоци, но нема лекарска грешка и гарантирам дека и е даден целиот потребен третман. Точно е дека треба да реновираме одредени одделенија, да, треба да реновираме. Треба и ние да работиме и да ги направиме условите подобри за нашите пациенти. Но, едно знам, причината за смрт не е дека не работела интензивна нега. Ние имаме интензивна нега на сите Клиники и овде се овозможуваат специјални услови за пациентите и не се случило да не биде третиран пациент, а ние мораме да реновираме. Респиратор има на сите клиники и побарав писмен извештај за да дознаам што точно се случило. Пациентката била хоспитализирана и не верувам дека причината е немање на респиратор – одговори министерот Таравари за овој случај.

Според информациите кои вчера ги објави СДСМ, во одделот за интензивна нега на Инфективната клиника не работи и не прима пациенти со ковид-19 на кои им е потребна респираторна поддршка.

Според извештај на кој се повика СДСМ, како што е наведено во соопштението на оваа партија, директорот Фадил Цана информирал до Мој термин дека не работи интензивната нега.

Кратко по оваа објава на партијата, почина пациентката која според нив не била примена во болница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.