Министерството за внатрешни работи во изминатите денови нема дојави за бомби низ училиштата или други институции, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашањето дали има дојави за хибридни закани.

Тој посочи дека сме единствена држава во регионот која во изминатиот период презеде низа  мерки и донесе упатства и протоколи за справување со хибридни закани.

Знаете дека донесовме упатства и донесовме протоколи, како единствена држава во регионот којашто сите овие протоколи ги сообрази со новите времиња и тенденции. Знаете дека ние работевме со протоколи, коишто беа од деведесеттите години или од поранешна Југославија. Денеска времето е поинакво, денеска технолошкиот напредок е поинаков и вие не можете да преземете мерки во 2023 година со методи од 1990 година. Затоа и тие протоколи ги сменивме, вели Спасовски.

Министерот посочи дека службите се подготвени максимално и нивниот капацитет е на едно повисоко ниво, се со цел во чекор да ги следат сите активности.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.