Нема да се намалуваат функционерските плати. Се закон примањата на судиите, обвинителите и пратениците не смеат да се корегораат надолу, а тие се речиси 800 од вкупно 1. 060 избрани и именувани функционери , вели премиерот Ковачевски. Работната група која требаше да најде начин како да се скратат покачуватањата за 78% се уште нема доставено предлог, бидејќи со закон одредени плати не можат да се намалат, објави Сител.
Платите кај судиите се регулирани со закон, каде пишува дека не смеат да се намалат. Кај пратениците со Закон за плати, така да, се работи за комплексно решение кое треба да донесе правичност во плаѓањето на трудот соодветно на надлежностите и одговорностите. Ние бевме во ситуација кога претседател на држава беше помалку платен од секретарка во Агенцијата за електронски комуникации, изјави Димитар Ковачевски, премиер
Зголемени плати бараат вработените во правосудството и Фондот за здравство. Незадоволни од покачувањето кои го добија нивните надредени, а платите кои тие ги земаат им тапкаат во место – утре излегуваат на протест.
Но премиерот вели – легитимно е правото на штрајк, но дали има основ за истотото., кога граѓаните што им даваат плата не ги добиваат саканите услуги од нив.
Вработените во судството и обвинителството бараат зголемување на платите од 78%, од Фондот за здравство – изедначување со примањата на нивните колеги од државните клиники – или 150 евра плус.
Додека од народниот правобранител на улица излегуваат поради игнорантскиот однос на министерствата, Владата и Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.