Нека му е со среќа“.

Вака премиерот Христијан Мицкоски ја коментираше изјавата на пратеникот Халил Снопче кој рече дека ако се изгласа законот за бранители Вреди ќе ја напуштат владата.

Имено, пратеникот Снопче за Клик Плус изјави дека неговата коалиција ќе излезе од Владата доколку се укине Законот за употреба на јазиците и доколку биде изгласан Законот за бранители.

Поради руското влијание, доколку влезат во такви авантури и ние не го решиме проблемот навремено, тогаш за ВЛЕН нема место во Владата. Какво место во Владата, рекол Снопче во емисијата „Клик плус“.

Мицкоски присуствуваше на изградба на нова спортска сала во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, во Општина Ѓорче Петров, каде меѓудругото беше прашан за коментар за изјавата на Снопче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.