Игор Јуриќ, чија ќерка Тијана беше убена  на сличен начин како Вања Ѓорчевска, во четврток ќе допатува во Скопје за да се сретне со мајката Зорица. Тој вели дека точно знае низ што поминува семејството на девојчето и затоа сака да се сретне со мајката, но и да го посети гробот на Вања.

Јуриќ нагласува дека има многу нелогичности во целиот случај.

Тука пред се мислам на таткото на девојчето.Министерот за внатешни работи прерано излезе со констатација за таткото.Јас не мислам дека еден татко е спремен да направи такво нешто иако сум свесен дека на планетава постојат секакои луѓе кои се спремни на сѐ.Но замислете да тоа не е точно и тој човек ќе биде обележен за цел живот дека го загрозил своето дете.Тоа е многу тешко обвинение.Од друга страна ако навистина тоа го направил не можам ни да замислам каква казна заслужува-објасни Јуриќ за „Прва ТВ“.

Која беше Тијана Јуриќ

15 годишната Тијана Јуриќ во 2014 година беше убиена од Драган Ѓуриќ, 34-годишен месар од белградската населба Сурчин.Кобната ноќ таа со другарките отишла на турнир во мал фудбал, кој се одржувал во селото Рата и останала со нив цела вечер. Околу полноќ, таа се упатила дома со друга, но на половина пат одлучила дека мора да се врати за да ја врати блузата што  ја позајмила од некој другар.

Тие се разделиле на околу 200 метри од куќата на нејзината баба и дедо. Подоцна, преку лична истрага, таткото на Тијана можел да реконструира каде отишла и што се случило. На пат кон спортскиот центар  сретнала уште неколку другарки кои ја прашале каде оди, а таа одговорила дека ќе ја врати позајмената маичка. Ја преминала железничката пруга и продолжила по патот кон спортското игралиште каде ја чекал нејзиниот пријател, сопственикот на маицата.Кога неговиот пријател видел дека Тијана не доаѓа, почнал да ја бара. Но, несреќната девојка во тој момент веќе била киднапирана.

Била пронајдена само нејзината патика. Врз основа на  истрагата е утврдено  дека од моментот кога последен пат била видена до моментот кога и била пронајдена патиката, не поминале повеќе од седум минути. Се претпоставува дека насилно била втурната во автомобилот, и дека и испаднала патиката додека се противела да влезе во возилото.Таа вечер пријателите на Тијана почнале да и се јавуваат на мобилен телефон и да праќаат пораки на Фејсбук, но таа не одговарала, а по два часа и се исклучил мобилниот.

Убиецот Ѓуриќ, кој е висок два метри и тежок преку 100 килограми, првично негираше дека ја киднапирал и убил Тијана Јуриќ, но кога паднал на полиграфскиот тест, се скршил и го признал своето страшно злосторство.Според неговата приказна, тој возел пијан и со автомобилот ја удрил девојката, а кога таа почнала да плаче и да вика помош, тој ја удрил неколку пати во главата и ја фрлил во автомобилот. Потоа ја однел на во шумма, каде што , ја соблекол, се обидел да ја силува, а потоа ја задавил со нејзината маица – истата таа сакала да и ја врати на другарот. После тоа  го вратил телото во автомобилот и го возел на десет километри од Сомбор, каде го закопал во дива депонија, на 23 километри од местото каде што ја киднапирал. Во багажникот на автомобилот била пронајдена и лопата со која ја закопал.

Осуден е на 55 години затвор, 40 за тешко убиство и 12 години за обид за силување, што заедно со максимална казна од 40 години.

По убиството на девојчето беше донесе закон кој беше наречен „Тијанин закон“ според кој полицијата повеќе не чека да поминат 24 часа, туку веднаш по пријавувањето на исчезнувањето почнува да бара исчезнато дете. Пред донесувањето на законот, во практиката на полициската работа тој период изнесуваше меѓу 24 и 48 часа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.