Актуелната состојба поврзана со борбата против корупција и мерките и активностите кои Владата ги презема во насока на системски решенија за справување со корупцијата на секое ниво, вклучувајќи ја и високата корупција, биле тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу премиерот Димитар Ковачевски и глобалниот координатор за антикорупција на американскиот Стејт департмент, Ричард Нефју.

Како што информираат од владината прес-служба, говорниците на средбата заеднички констатирале дека напорите кои се вложуваат во борбата со корупција се основната алатка за градење на довербата на граѓаните во институциите.

Ковачевски и Нефју порачале дека во таа насока, од клучно значење е градењето на капацитетите во областа на владеењето на правото и правната држава.

Премиерот Ковачевски се заблагодари на целокупната поддршка и соработка која благодарение на блиското стратешко партнерство со САД, се реализира во Македонија. Поддршката е круцијална во воспоставувањето на ефикасен систем за елиминирање на конфликтот на интереси, како и за превенција на корупција, велат од Владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.