На новинарско прашање до кога СОНК си дава рок да донесе конечна одлука кога ќе започне наставата Неделков кажа дека би требало најдоцна до утре.
– До утре навечер треба да имаме резултати тоа значи дека до утре навечер ќе има сондажа на јавното мислење на членството како и органот на одлучување, а тоа е Советот на СОНК ќе заседава и ќе за донесе конечната одлука врз основа на изјаснувањето на нашето членство, кажа Неделков.
Претседателот на СОНК додава дека евентуално од среда учениците ќе се вратат во училиштата и вели дека дополнително ќе се разговара за продолжувањето на школската година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.