Се чини дека помеѓу лидерите од иницијативата „Отворен Балкан“ нема толкава доверба како што сакаат да се претстави.Тоа се виде и на вчерашниот состанок во Скопје. Покрај основачите, Македонија,Албанија и Србија, на состанокот присуствуваа Косово и Црна Гора како и претставници на САД и ЕУ.
Пред лидерите од регионот беа шест милијарди евра кои за да ги добијат треба да ги заслужат со реформи и проекти.Се разговараше и за слободен проток на работници и стоки и единствен пазар.
Сето тоа е добро, но кога дојде редот тоа да го кажат пред камери тоа што го договорија сите се разбегаа.
Наместо планираната заедничка прес конференција на Вучиќ, Курти, Спајиќ и Рама излезе само премиерот на Македонија Ковачевски.
На прашањето каде се другите тоа непсремно одговори дека многу се брзале и оти ќе говорат само за медиумите од сопствените држави.
Работата е сосема поинаква. Александар Вучиќ не сакал да дава изјави заедно со премиерот на Косово Албин Курти и со тоа да даде некаква конотација дека се работи за две посебни држави.
Дека Србија е сериозна држава и ништо не остава на случајноста е што обезбедувањето на Вучиќ не дозоволи новинари од Косово, Албанија и од Македонија да присустуваат на прес конференцијата која беше предвидена само за новинари од Србија.
Па така, Таче даваше изјава сам, но тој и онака нема што да каже.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.