На денешната прес-конференција за скандалот околу анестезиологот од тетовската болница кој снимал пациенти и доктори и ги објавувал на „тик-ток“, министеротза здравство д-р Фатмир Меџити зборуваше и за проблемот со набавка на лекот трикафта.
Од првиот ден сме информирани за се. Веднаш се зафативме за овој проблем за да го решиме долгорочно и квалитетно за пациентите да добијат подобар лек. Ние тогаш, заедно со премиерот и Владата, обезбедивме лек за осум пациенти и за четири други пациенти. Нема да застанеме тука но верувајте дека нема комисија за цистична фиброза, нема протоколи, нема процедури, изјави Меџити.
Пред три-четири недели, нагласи, формиравме комисија за цистична фиброза и повикавме претставници од сите засегнати страни, а ќе има и претставник од организацијата за цистична фиброза за овој проблем еднаш за секогаш да го решиме.
Но, не сме ние тие кои одлучуваат кој пациент ќе го прима лекот. За тоа го одлучуваат експертите во здравството и ние тука не можеме да се мешаме, посочи Меџити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.