Дигиталниот рендген апарат во поликлиниката „Букурешт“ во Скопје кој бил набавен пред нецела година не работи. Надвор од функција е и мамографот во поликлиниката „Јане Сандански“, кој нема ни шест месеци откако е набавен. На жените им се откажува мамографскиот преглед во оваа поликлиника, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Пациентите во Букурешт иако претходно добиваа резултати на цеде, сега повторно се вратени на старите снимки. Што е преземено од страна на директорите на Здравствен дом Скопје, Исјановски и Селими под кој функционираат овие поликлиники за решавање на решавање на проблемите? Дали директорите на ЗД Скопје решаваат или само креираат проблеми, со оглед на проблемот со здравственото осигурување на вработените како и тоа што уште не им се врачени решенијата за користење годишен одмор на дел од вработените, прашуваат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.